Ердоган: Германија им помага на терористите

0
252

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја обвини Германија дека им помага на терористите така што одбива да одговори на илјада документи кои Турција му ги испраќа на Берлин и одбива да ги предаде осомничените лица на турските власти.

„Германија ги поттикнува терористите“, рекол Ердоган.

Ваквите обвинувања дополнително ќе ги зголемат тензиите меѓу двете држави.

Ердоган рекол дека на германската канцеларка Ангела Меркел ѝ предале 4.500 досиеја, но не добиле одговор на ниту едно од нив.

„Кога има терорист, вие можете да ни кажете нам дајте ни ја таа личност, а не сакате да ги екстрадирате оние кои се кај вас“, рекол Ердоган.

http://makfax.com.mk

Без коментари