Ердоган и се закани на Русија

0
241

Русија може да изгуби многу ако го уништи „пријателството“ со Турција. Анкара нема да остане трпелива за кршењето на турскиот воздушен простор од руски авиони.

Тоа го предупредил претседателот на турската држава Реџеп Ердоган, цитиран од агенциите.

Потсетуваме во последните неколку дена дека руски авиони вклучени во воздушната операција на Москва во Сирија, два пати го поминаа воздушниот простор на Турција. Анкара, НАТО и голем број други држави остро ги критикуваа акциите на Руската Федерација.

Секоја напад врз Турција значи напад врз НАТО, изјавил тој на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер во Брисел.

Познати се нашите позитивни односи со Русија. Но ако Русија изгуби пријател како Турција, со кого соработува во многу области, ќе изгубат многу и Москва треба да е свесна за тоа, појаснил турскиот претседател.

Ердоган истакнал дека НАТО зазеде став против руските нарушувања и верува дека Алијансата ќе продолжи да го прави истото и понатаму.