Ердоган ја фалсификувал дипломата од факултет?!

0
340

Еден од условите за извршување на функцијата за претседател на Турција е факултетска диплома, а на социјалните мрежи се рашириле обвинувања дека актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган (62) ја фалсификувал својата диплома, пренесува порталот „24сата.хр“.

Како што пишуваат турските медиуми, новинар кој студирал со Ердоган изјавил дека турскиот претседател не дипломирал и не знае дали воопшто успеал да ги заврши студиите.

Поради сето ова поранешниот претседател на Здружението за судии и тужители, Омер Фарук Еминагаоглу поднел жалба до Врховниот изборен совет барајќи службена истрага.

– Во моментот се разгледува прашањето за дипломата на Ердоган, но најголем проблем е што ја нема оригиналната диплома. Постојат некои контроверзи во врска со неговиот упис на факултет, но и по прашање на дипломата. Сето ова предизвикува сомнеж и отвора некои многу значителни прашања – изјавила Еминагаоглу.