Ердоган ја потврди поддршката кон Катар во спорот со арапските соседи

0
243

Tурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја потврди поддршката на неговата земја за Катар во спорот со четирите арапски држави.

Во интервју за француската телевизија „Франс 24“, барањата на Саудиска Арабија, Обединетите арапски емирати, Бахреин и Египет кон Катар, Ердоган ги оцени како неприфатливи.

Нивното реализирање би било еднакво на откажување од суверенитетот, рече Ердоган.