Ердоган: Можни се нови избори

0
155

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека можни се нови избори, доколку владејачката партија „Правда и развој“ (АКП) и опозицијата не успеат во напорите да формираат нова влада во рамките на уставниот рок од 45 дена.

Ердоган во коментар објавен во дневниот весник „Милиет“ пишува дека планира прво на АКП да и одобри мандат за формирање на влада, бидејќи добиле околу 41 отсто од гласовите на изборите коишто се одржаа на 7 јуни, што не е доволно за самостојно раководење на земјата.

„Доколку партијата што освоила најмногу гласови на изборите не успее да формира влада, а во намерата не успее ни другата партија, тогаш предвремените избори ќе бидат неизбежни. Не би ги нарекол предвремени избори, туку втор круг“, изјавил Еердоган.

Откако пратениците во парламентот ќе положат заклетви во текот на месецот, Ердоган официјално ќе и даде мандат на АКП за формирање на влада. Доколку не успеат да го направат тоа во рок од 45 дена, Ердоган има овластување да распише нови избори.