Ердоган не се откажува од тужбите во Германија

0
431

И покрај најавата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган дека ќе ги повлече сите тужби против луѓето што го навредиле, оние што се поднесени против лица во Германија остануваат.

Како што рече правниот застапник на турскиот претседател, Ралф Хекер, оваа најава се однесува само на Турција.

„Во Германија ништо не е сменето“, ги пренесоа германските медиуми неговите зборови.

Ердоган, меѓу другите, има поднесено тужба и против германскиот комичар Јан Бемерман поради потсмешливи коментари и видеа.

Германското сатирично списание Титаник, пак, во августовското издание се подбива со одмаздничките мерки на турскиот претседател по обидот за државен удар, објавувајќи на насловната страница фотошопиран колбас кај неговите препони.

Турскиот претседател вчера во својот говор во претседателската палата во Анкара рече дека ќе ги повлече сите тужби против луѓето што го навредиле.

Овој потег, рече тој, ќе се случи само еднаш и е знак на добра волја