Ердоган официјално ги распиша предвремените избори

0
214

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како и што се очекуваше, одлучи да ги распише предвремените парламентарни избори по неуспешните преговори за формирање коалициска влада по парламентарните избори во јуни, објави неговиот кабинет.
„По постојаните неуспеси и покрај сите контакти од 9-ти јули, владата не е формирана, Брз основа на овластувањата кои му се доверени, претседателот одлучи да го обнови парламентарните избори“, се истакнува во текстот од кабинетот на Ердоган објавен по средбата на шефот на државата и претседателот на турскиот парламент Исмет Јилмаз.

Датумот на новите избори не е прецизиран во спомнатото соопштение, меѓутоа Ердоган во неделата го напомна 1-ви ноември, како веројатна можност за одржување на изборите.

Партијата на Ердоган, конзервативно-исламситичката Партија на правдата и развојот (АКР) на изборите од 7-ми јуни, првпат од 2002 година наваму не успеа да освои апсолутно мнозинство за самата да состави влада. Заменикот на Ердоган и на премиерската и на партиската челна позиција, Ахмет Давутоглу, во изминатиот период не успеа да се договори со опозициските партии во парламентот за формирање коалициска влада.

Датумот за формирање влада од страна на победничката АКР истече во неделата, но Ердоган го избегна правилото мандатот да му го даде на челникот на следната по бројност партија во парламентот. Републиканската народна партија (CHP) смета дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган намерно ги поткопал коалициските преговори за да се оди на предвремен избори, надевајќи се дека ќе оствари подобар резултат./крај/мф/сн