Ердоган преку мобилен, го повика народот да излезе на улица

0
1352

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се појави на телевизијата Си-ен-ен турк преку мобилниот телефон на водителката, тврдејќи дека воениот удар во земјата „ќе биде надминат“ и повикувајќи ги луѓето на протести.

Ердоган го повика народот да излезе на „плоштадите и аеродромите“ истакнувајќи дека никој не може да ја сопре силата на народот.

Убедувајќи ја публиката дека сѐ уште е претседател на Турција и врховен командант на војската, Ердоган ја опиша ситуацијата како востание на мала група во војската.

www.mkd.mk