Ердоган прогласи вонредна состојба

0
314

Во Турција денеска стапи во сила тримесечната вонредна состојба насочена кон следбениците на осомничениот организатор на пучот Фетула Ѓулен.

Владиниот портпарол Нуман Куртулмус рече дека вонредната состојба ќе биде искористена за борба против „паралелните структури“, термин користен од владата за исламскиот свештеник Ѓулен и неговите следбеници.

Турција бара екстрадиција на Ѓулен, иако тој негира учество во пучот во кој загинаа над 260 луѓе, а преку 1.500 беа повредени. Анкара испрати четири досиеја со докази до Вашингтон, но Стејт департментот одбива да каже дали тие претставуваат формално барање за екстрадиција.

Заменикот турски премиер Мехмет Симшек инсистира дека вонредната состојба нема да ги намали основните слободи, вклучително и ограничување на движењето, собири и слобода на медиумите.