Ердоган рече „не“ за Голема Албанија

0
823

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се спротивстави на обидите за обединување на Албанија, Македонија и Косово како една албанска држава и се изјасни за почитување на територијалниот интегритет на земјите на Балканот.

Во интервјуто за албанскиот телевизиски канал „Top Channel“ објавено во Агенција Анадолија тој ја коментира ситуацијата и изрази надеж дека претстојните парламентарни избори за време на викедот ќе отклучат нов посилен период за Тирана.

„Во овој поглед Турција е решена да и помага Албанија – со политичка, воена, економска, трговска, културна и секакви поддршка. Бидејќи според нас Албанија е точка на солидарност и од особена важност за Балканот, поради тоа не треба да дозволиме шанса некој да наштети на единството и мирот во земјата“, истакна турскиот државен шеф. Тој истакна дека не само во Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, но и на целиот Балкан постојат споменици од културно-историското наследство од времето на Отоманската империја, а Турција не сака да ги прекине братските врски со овие земји, напротив, има интерес од нивно засилување и од стабилноста во нив.

Колку и да има обиди за обединување на Албанија, Македонија и Косово во една „Голема Албанија“, Ердоган посочи дека за ваквата идеја дури не сака да мисли.

„Категорично ги отфрламе сите такви обиди и сугестии за прекројување на границите во овој историски момент, тоа е погрешно. Гледаме што се случува до нас – во Блискиот Исток, во Ирак, во Сирија. И не сакаме истото да се случи и на Балканот, иако сме свесни за постоењето на ризици. Не треба да дозволиме тоа и ние посебно го почитуваме територијалниот интегритет на земјите на Балканот. Животот треба да продолжи, а да се стави крај на игрите во Македонија, во Босна и Херцеговина, во Албанија, во Србија“, истакнал тој , пренесоа агенциите од регионот.