Ердоган се заколна: Ќе го фрлам тероризмот на колена

0
445

По вчерашниот страшен напад во Анкара, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се заколна дека „ќе го фрли тероризмот на колена“.

Тој истакна дека бомбашкиот напад што се случи вчера само ја зајакнал решеноста на Турција во борбата против тероризмот.

„Нашите луѓе не треба да се грижат, борбата против тероризмот сигурно ќе биде успешно завршена и тероризмот ќе биде фрлен на колена“, кажа тој.

Турски воени авиони ги бомбардираа рано утринава камповите на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на северот на Ирак, соопшти турската војска.

Во 11 воздушни напади уништени се сите 18 неодамна идентификувани цели, меѓу кои и магацини со муниција и засолништа, тврди турската војска, а пренесува Ројтерс.

Ердоган додаде дека терористичките групи напаѓаат цивили затоа што ја губат битката против турските сили. Тој повика на национално единство и истакна дека Турција ќе го користи своето право на самоодбрана за да спречи идни напади.