Ердоган во ненајавена посета на Пакистан побара поддршка во борбата против ИД

0
1280

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  побара поддршка од лидерите на другите муслимански држави во офанзивата против џихадистичката Исламска држава. Тој бара да се затворат каналите и патиштата по кои екстремистите пристигнуваат во Турција, изјави неименуван пакистански претставник.

Тој тврди дека Ердоган побарал помош од лидерите на Индонезија, на Малезија и на Пакистан. Турскиот претседател по посетата на Индонезија синоќа го посети Пакистан  и имаше средба со премиерот Наваз Шариф.

Ненајавената посета се случува неколку дена откако турски воени авиони почнаа напади врз позициите на ИД во Сирија.

Без коментари

LEAVE A REPLY