Еруптираше вулканот Асо во Јапонија

0
286

улканот Асо, на северот на Јапонија, денеска исфрли големо количество густ, сив чад со височина од 11 километри, што е најголема ерупција на вулкан од почетокот на годинава.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека ерупцијата се случила во раните утрински часови и оти освен чад, вулканот исфрлил и вулкански камења и пепел, поради што е подигнато нивото на безбедност во таа област.

Во ерупцијата нема повредени, ниту поголема материјална штета, освен што куќите во околните места се прекриени со пепел, а летовите над планината се одложени или откажани.