Есен во август

0
789

Како и во повеќе делови од Македонија така и во Битола од 2 часот ноќеска врне. Според информациите од метеоролозите во Битола денес имавме претежно облачно време со врнежи од дожд и грмотевици. Дуваше слаб ветер од североисток. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна до 20 степени. Облачно но без врнежи денес беше и во југоисточните и источните предели, а во Струмичкиот регион со појава на сончеви периоди.

Во повеќе предели од државата врнежите ги имамвме во текот на целиот ден, но небеа поројни и обилни врнежи кои може да предизвикаат нови поплави, е информацијата од УХМР. Дуваше доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури во интервал од 14 до 22 степени, додека пак максималните дневни до 21 односно до 32 степени.

Во Македонија утре ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, додека во западните и северозападните предели како и во крајните североисточни и југоисточни предели со услови за слаби врнежи од дожд. Дневните температури од 23 до 33 степени. Во среда и четврток стабилизација на времето и пораст на температурите. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Во среда температурите од 26 до 36 степени, додека пак во четврток максималните температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо време со осетен пад на максималните температури кои ќе се движат од 21 од 31 степен.

Во Битола утре времето ќе биде умерено облачно со врнежи од дожд со минимална температура од 19 а максимална до 23 степени. Во среда и четврток во Битола ќе се стабилизира времето и ќе пораснат температурите. Во среда минималната температура ќе биде 16 степени а максималната до 31, а четврок минимална 19 а максимална 32 степени. Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и посвежо време со пад на максималните температури кои ќе се движат од 21 од 31 степен.