Ескалација на Блискоисточниот конфликт

0
261

Растат тензиите во Блискоисточниот конфликт, се зголемува насилството и на израелска и на палестинска страна. Набљудувачите веќе предупредуваат од трета интифада. Поголеми грижи меѓутоа им задава една друга работа.

Му се заканува ли на Блискиот Исток нова , трета интифада? Ова прашање сѐ почесто се поставува по ескалацијата на насилство во последниве денови. Поранешниот палестински преговарач Саеб Ерекат во интервју за една палестинска радио станица минатиот викенд изјави дека гледа некакви паралели со почетокот на втората интифада во 2000 година. Израелската тајна служба, судејќи според она што го пишува израелскиот весник „Јерусалем пост“, истотака не ја исклучува можноста од нова интифада- иако сѐ уште не смета дека таа опција е извесна.

Јасно е дека насилството е во пораст во изминатите неколку дена. Во текот на викендот на Западниот Брег и во Ерусалим во повеќе наврати дојде до судири меѓу млади Палестинци и израелските војници и полицајци. Палестинците фрлаа камења и молотови коктели, израелските сили за безбедност возвратија со гумени куршуми. Судири имаше и со екстремистичките еврејски доселеници на Западниот брег. Во понеделникот израелското воено воздухопловство изврши напад во Појасот Газа, а оттаму кон Израел претодно беше испукана ракета.

Претходно во три палестински напади загинаа четворица Израелци а повеќемина беа повредени. Напаѓачите беа ликвидирани од страна на припадниците на израелската војска. Освен тоа израелски војници, според палестински наводи, во неделата убила е еден 18-годишен Палестинец, за време на безредијата во Тулкарем на Западниот брег. Уште неколку Палестинци, како што се тврди, биле повредени, јавува Дојче Веле.

Без коментари

LEAVE A REPLY