Ескалираат тензиите меѓу Ријад и Техеран

0
371

По прекинот на дипломатските односи со Иран, во Саудиска Арабија полицијата беше нападната со огнено оружје. Нападот се случи во родното место на егзекутираниот шиитски свештеник Нимр Бакер ал Нимр.

Полицијата во Саудиска Арабија говори за „терористички напади“. Според државната новинска агенција СПА тие се случиле синоќа во доцните вечерни часови во селото Авамија на истокот од Саудиска Арабија. Притоа бил убиен еден цивил а повредено осумгодишно дете. Дали во нападот загинале или биле повредени саудиски полицајци сѐ уште нема информации.

Егзекуцијата на 56-годишниот шеик Нимр Бакер ал Нимр и 46 други лица осомничени за тероризам во саботата предизвика тензии во регионот и масивни критики од страна на Западот. Меѓу ривалските регионални сили саудиска Арабија и Иран дојде до дипломатски напрегнатости, при што владата во Ријад ги прекина односите со Техеран и порача дека сите ирански дипломати мора да ја напуштат земјата за 48 часа. Властите во Техеран порачаа дека оваа одлука е избрзана и го обвинија Ријад дека ги подгрева тензиите.

Без коментари

LEAVE A REPLY