ЕЦБ ја претстави новата банкнота од 50 евра

0
635

Европската централна банка (ЕЦБ) претстави новата банкнота од 50 евра, која ќе влезе во промет на 4-ти април 2017-та година.

Воведувањето на новата банкнота одбележува уште еден чекор на централната банка на патот кон повисока заштита од фалсификати кај еврото. По новите 5, 10 и 20 евра, банкотата од 50 евра е четврта од втората серија евробанкноти позната како „Europa“.

„Воведувањето на новите 50 евра ќе ја направи нашата валута уште побезбедна“, вели Ив Мерш, член на Извршниот одбор на ЕЦБ.

„Таа поседува најсовремени безбедносни карактеристики кои ни помагаат да ги заштитиме нашите пари. Банкнотата е дел од нашите постојани напори за зачувување на еврото како стабилна валута – валута на која 338 милиони луѓе во еврозоната се потпираат секој ден“, посочува Мерш.