ЕУ ги заостри санкциите против Северна Кореја

0
353

Европската унија ги заостри своите санкции против Северна Кореја со речиси целосна забрана за трговија и патувања, по последниот нуклеарен тест и лансирање на ракета, извршени од Пјонгјанг.

Тоа е потег што ги надминува новите санкции на Советот за безбедност на ОН, пишуваат странски медиуми.

На Пјонгјанг исто така му е забрането да продава секакви поврзани со нафтата или луксузни стоки за Европската унија, додека земјите од ЕУ не можат да инвестираат во рударската, рафинерии и хемиската индустрија на земјата.

Сепак, треба да се напомене дека всушност Северна Кореја не извезува нафта и луксузни стоки, а самата таа има потреба од набавка на горива.

„Земајќи предвид дека активностите на Северна Кореја претставуваат сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност во регионот и надвор од него, ЕУ одлучи да ги прошири своите рестриктивни мерки против Пјонгјанг“, гласи официјалното соопштение.