ЕУ го активираше механизмот за помош на Македонија

0
338

Тим од технички експерти денеска ќе пристигне во земјата за да ги процени штетите и да им изготви препораки на националните и локалните власти. Сочуство за жртвите од САД и Германија.

ЕУ го активираше механизмот за цивилна заштита за да и помогне на Македонија да се справи со последиците од катастрофалните поплави. Одлуката била донесена на барање на македонските власти, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Тим од технички експерти денеска ќе пристигне во земјата за да ги процени штетите и да им изготви препораки на националните и локалните власти.
„ЕУ е подготвена да и помогне на пјр Македонија. Во контакт сме со државните власти во Скопје и со други земји кои учествуваат во Механизмот за да се искоординира брз одговор на барањето. Испратен е хуманитарен експерт, а ќе биде испратен и тим за цивилна заштита“, соопшти комесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент, Христот Стилјанидес.

Американскиот Стејт департмент изрази сочуство до семејства на жртвите и настраданите во поплавите.