ЕУ и Кина ја јакнат меѓусебната соработка

0
175

Кинескиот претседател Ли Кечианг отвори во понеделникот ново поглавје во односите на Пекинг со Европската унија, на самитот во Брисел на кој во прв план биле новите економски планови, но и долгогодишните несогласувања меѓу двете страни.
„Седумнаесеттиот самит Кина – ЕУ може да претставува нов почеток. Треба да покажеме смелост да ја надминеме и да создадеме нова ситуација во односите меѓу Кина и ЕУ. Двете страни постигнаа голем консензус за меѓусебно да ја зголемат политичката доверба и да ја продлабочат соработката“, изјави кинескиот премиер Ли Кечианг на заедничката прес-конференција со највисоките европски фунцкионери.

Ли истакна дека Кина е подготвена да учествува во новиот европски инвестициски план кој е осмислен како одговор на економската криза, а европските функционери изразиле интерес за кинеската стратегија за подобрување на инфраструктурните врски со Европа.

Кинескиот премиер не ја прецизираше сумата којашто Пекинг планира да ја вложи во фондот на челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за поттикнување на инвестициите во Европа. Ли предложи, исто така, можност за формирање заеднички европско-кинески инвестициски фонд.

Самитот се одржа во моментите кога двете земји одбележуваат четири децении од воспоставување на дипломатските односи. „Односите на Европската унија и Кина се стари 40 години и имаат многу потенцијал пред себе“, напиша на Twitter претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, по средбата со Ли.

Меѓутоа, односите меѓу Пекинг и Брисел често во минатото често беа напнати, особено во областа на трговијата и човековите права. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изрази загриженост поради „слободата на изразувањето и здружувањето во Кина“, особено кога станува збор за тибетанската и ујгурската заедница. Претседателот на ЕК, Јункер, пак, претходно на прес-конференцијата предупреди дека „деловната клима во Кина се влошува“, иако двете страни токму сега преговараат за инвестицискиот договор.

Ли возврати со осврт на грчката криза. „Дојдов во Европа во критичен момент. Секако дека овој момент не ми е мил, мислам поради грчката должничка криза“, рече кинескиот премиер. Истакна дека Кина сака силна еврозона. „Тоа е во интерес на Кина. Би сакале Грција да остане во еврозоната и ги повикуваме меѓународните кредитори да постигнат договор со грчката страна, рече Ли. Не сакаше да каже дали Кина ќе ѝ помогне на Грција со кредитите, но рече дека „Кината и подготвена да има конструктивна улога“.

Јункер повеќепати јавно му се извини на Ли поради промената на терминот за одржување на состанокот, поради ситуацијата во Грција.

На дневниот ред на самитот беа прашањата за миграциите, климатските промени, како и кризите во Украина, Сирија и во Јужното Кинеско Море. Ли истакна дека Кина се залага за праведен глобален систем за борба против климатските промени и најави дека во вторник ќе објави колку Кина планира да ја намали емисијата на C02, за време на неговата посета на Париз каде што ќе се одржи следниот климатски самит.