ЕУ и САД: Нема услови за организирање избори на 24 април

0
692

Амбасадорот на САД Џес Бејли, во заедничка изјава со претставниците на ЕУ во земјава пред малку пред Владата на РМ соопштија дека нивната проценка е дека нема услови за организирање на кредибилни избори за предвидениот датум 24 .април.

Како што рече Бејли, датумот останува да го одредат политичките партии, меѓутоа доколку нема услови за 24. април, тие препорачуваат избори да бидат закажани до најскоро можниот ден кога ќе бидат завршени реформите. Бејли нотираше дека се уште не се донесени реформите за медиумите и сериозно треба да се работи на препораките од Прибе, односно итните реформски приоритети.

Тој ги повика на одговорност сите инволвирани во Договорот од Пржино да работат што побрзо да се затворат проблематичните прашања за кои се уште се преговара.

„Силно ги охрабруваме сите политички лидери, и власта и опозицијата, и институциите да останат целосно посветени на имплементацијата на договорот од јуни/јули како и на чекорите превземени досега.

Ако изборите не можат да се одржат на предвидената дата, се очекува политичките лидери да работат да се обзбедат услови кои ќе овозможат кредибилни избори на најрано можниот датум со целосно почитување на обврските и подготовките за тоа на ДИК, стои во извештајот.

„Партиските лидери го предложија 5 јуни како можна алтернатива. Сериозни напори од сите функционери сега се бараат и се потребни за да се постигнат условите кои ќе овозможат кредибилни избори, каде сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат, пишува во заклучоците од извештајот.