ЕУ и САД се партнери и ќе продолжат да бидат партнери

0
229
ЕУ и САД се партнери и ќе продолжат да бидат партнери, изјави синоќа во Брисел високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
– Постои единство меѓу сите членки во ЕУ за потребата за продолжување на работата на јакнење на трансатлантските односи, рече Могерини по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на кој се разменети ставови за натамошниот пат во односите меѓу Унијата и САД по изборот на Доналд Трамп за нов американски претседател.