ЕУ и Турција договорија акциски план за мигранти

0
367

Европската Унија и Турција постигнаа согласност за „акцискиот план“, што би можел на Анкара да и обезбеди 3 милијарди евра помош, визно олеснување и нови преговори.

Европската Унија и Турција постигнаа согласност за „акцискиот план“, што би можел на Анкара да и обезбеди 3 милијарди евра помош, визно олеснување и нови преговори за членство во ЕУ, доколку земјата успее да го намали напливот на мигранти во Европа.

ЕУ самитот во Брисел траеше до раните утрински часови во чествроткот и по се изгледа постигнати се некои резултати. Како што соопшти претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, иако сеуште нема конечен договор, лидерите на ЕУ и Анкара успеаја да постигнат согласност за „акцискиот план“, пренесува „Раша тудеј“.