ЕУ ја откажа прес конференцијата со Харадинај

0
263

Европската унија ја откажа закажаната прес конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај која требаше да се одржи по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација кој се одржува денеска во Брисел. Додека портпаролката на ЕУ надлежна за Западен Балкан Маја Коцијанчич вели дека причината за тоа е агендата, извори за Радио Слободна Европа дават поинакви толкување.

Според наводите на доверливите извори на РСЕ кои присуствувале на состанокот, атмосферата од почетокот била напната, а кулминирала кога премиерот на Косово Харадинај, наводно, инсистирал на посилно ангажирање на Соединетите Американски Држави во дијалогот.

Истите извори тврдат дека високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини тоа го разбрала лично и нервозно го напуштила состанокот и не се вратила на него.

Прес конференцијата е дел од дневниот ред кога еднаш годишно се одржува состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација. Такви беа случаите во четвртокот по состанокот со Србија, како и во средата по состанокот со Албанија.