ЕУ ја откажа средбата со невладините, постои безбедносен ризик

0
541

Делегацијата на Европската унија во Скопје пред малку ја откажа средбата со невладините организации закажана за денеска.

– Вратите на ЕУ остануваат отворени за граѓанскиот сектор, некои ја прифатија нашата покана некои не, но за жал средбата сме принудени да ја откажеме од безбедносни причини – објаснуваат од Делагацијата на ЕУ без попрецизно да кажат каков безбедносен ризик постои.

Ова откажување на средбата доаѓа по најавата на дел од невладините организации дека ќе ја бојкотираат средбата затоа што на неа е поканет и ГДОМ. Невладините организации денеска во 10 часот ќе одржат прес конференција пред ЕУ во Скопје на која ќе ги објаснат причините за бојкот на настанот.

Денешната средба беше замислена како дел од консултациите за излез од политичката криза.