ЕУ ќе прими 54.769 бегалци пред се од Сирија и Еритреја

0
297

Министрите за внатрешни работи и миграција на ЕУ се согласија дека ќе релокализираат 54.760 бегалци. Ова значи дека бегалците, кои доаѓаат пред се во Грција и Италија, ќе бидат распределени и во други земји на ЕУ за да се олесни товарот врз овие две земји членки.

Овој број е под планираната цел што ја фиксираше Европската комисија но, според претседавачот на Советот луксембуршкиот министер за внатрешни работи Жан Аселборн, оваа бројка ќе се зголеми во наредните месеци.

Истовремено ЕУ одлучи дека земјите од Балканот ќе бидат ставени на листата на сигурни земји. Тоа значи дека земјите на ЕУ повеќе нема да им даваат азил на граѓаните од Балканот. Според Аселборн, балканските земји имаат сериозна европска перспектива а односите помеѓу Балканот и ЕУ се на високо ниво на соработка па оттука барањата за азил се непредметни.