ЕУ ќе создаде центри за бегалци на Балканот

0
486

Миграциони центри за обработка на документи и регистрирање на лицата кои бараат азил, ќе бидат создадени на Западен Балкан, како дел од напорите кои ги вложуваат лидерите на ЕУ.

Одлуката блокот да се фокусира кон Балканските земји кои не се дел од Европската Унија е јасна потврда дека искуството да се запре протокот на бегалци во Грција бил неуспешен, пишува британскиот весник The Telegraph.

Центрите кои ќе бидат направени надвор од границите на Европската унија, ќе имаат за цел да ги задржат оние кои успеале да се префрлат во Грција без запирање во приемните центри, познати во Брисел како “жешки точки”.