ЕУ очекува формирање на стабилна Влада во Македонија

0
766

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија, денеска во Брисел, заедно со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, организираа работен појадок со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, кому му ги пренесоа ставовите од успешното организирање и спроведување  фер избори во Македонија.

Попоски ги информирал своите колеги од Унијата за изборниот ден, при што од нив е посочено дека наскоро се очекува и формирање на стабилна влада.

Денешната средба со министрите за надворешни работи на ЕУ е во функција на повторно враќање на европската агенда во  Македонија, изјавил Попоски.

Австрискиот и унгарскиот минситер за надворешни работи, Курц и Сијарто, потенцираа дека ЕУ е задоволна од фер и демократските избори во Македонија и дека очекуваат наскоро избор на стабилна влада.