ЕУ од мигрантите ќе се брани во Македонија

0
442

Европската комисија го прифатила предлогот на словенечкиот премиер, Миро Церар, линијата на одбрана на Европската унија од мигрантскиот и бегалскиот бран да биде Македонија, а не Грција.

На писменото барање на Церар, Македонија да биде „втората линија на одбрана“, упатено пред една недела, вчера позитивен одговор дал претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер со кој се одобрува помош за македонските власти во контрола на границата со Грција преку испраќање на полиција, правни експерти и опрема. Притоа Јункер навел дека земјите од балканската рута, биле членки на ЕУ или не, мора да престанат со политиката на пропуштање на беглаци низ државата, а за тоа да не ги информираат соседите.

Грција во првичната реакција на планот на Словенија наведува дека таа не била консултирана за тоа.

„Ние немаме намера да станеме гробишта за души. Ние не разбираме каква политика е таа една земја да ја затвори границата со Грција. Ние немаме време да експериментираме со работи кои ќе ја влошат траумата“, изјави грчкиот министер за миграциска политика Јоанис Мозула.