ЕУ планира блокада на македонската граница за запирање на бегалците

0
759

Лидерите на ЕУ разгледуваат „драстичен план за запирање на навалата имигранти преку Балканот“ и за целосна блокада на македонската граница со Грција, така што грчките власти ќе бидат присилени итно да поработат на заштита на надворешните граници на Унијата, пишува британскиот весникФајненшел Тајмс. 
Наводно, за тоа во понеделник би можеле да разговараат министрите за внатрешни работи на ЕУ.
Фајненшел додава дека и Европската комисија и клучно заинтересираната Германија се подготвени да го поддржат предлогот на Словенија за ситуацијата да доживее целосен пресврт, така што ќе и се помогне на Владата во Скопје да ја затвори границата со Грција и на тој начин да спречи неконтролиран прилив на мигранти.

Фајненшел тајмс пишува дека блокадата на мигрантите на јужната македонска граница ќе биде најострата мерка досега преземена во врска со кризата. Бегалците теоретски ќе можат да влезат во Македонија и да бараат азил. Но земјите немаат обврска да им дозволат да патуваат понатаму за да бараат азил во други земји.

Огромен број бегалци минуваат низ Грција и преку Македонија патуваат натаму, најмногу во Германија.