ЕУ планира да ги зголеми санкциите против Северна Кореја

0
139

Европската унија планира да ги зголеми санкциите против Северна Кореја, рече високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, во четвртокот.

Овој потег ќе биде дел од меѓународните напори да се казни Пјонгјанг во врска со последен нуклеарен тест.

„Ќе им предложам на министрите во наредните денови да разговараат за ова прашање за зголемувањето на самостојните санкции на ЕУ“, објасни Могерини, откако пристигна во Талин, за да се сретне со министрите за надворешни работи од блокот.

Во последните неколку недели ситуацијата со Северна Кореја станува се потензична.