ЕУ планира да го централизира системот за азил

0
344

Брисел ќе предложи централизирање на системот за азил во Европската унија (ЕУ), како дел од радикалната промена на политиката за бегалците во одговор на невиденa имиграцискa криза, пишува „Financial Times“, повикувајќи се на документ на Европската комисија (ЕК), со кој располага.

ЕК истражуваат како може да се променат правилата на блокот за азил, откако системот практично го блокираше минатата година поради поднесените над 1,3 милиони молби.

Во моментов сегашниот систем предвидува барателите на азил да поднесуваат барање во првата земја од блокот во која влезат. Тоа сепак енормно ќе го зголеми притисокот врз Грција и Италија.

Падот за Договорот од Даблин сепак дојде во моментот кога канцеларката на Германија Ангела Меркел одлучи да не го почитува договорот, што предизвика бран бегалци кон нејзината земја.

ЕК предвидува да предложи формирање на посебно биро, кое ќе ја преземе одговорноста за сите прашања за азил. Специјалната институција ќе дава совети на националните влади и практично ќе функционира како федерална агенција која ќе ги процесуира сите барања за азил. Сепак, тоа би значело признавање на уште суверенитет на Брисел и промена на Договорот за ЕУ, наведува весникот.