ЕУ разработува план за затворање на границата Грција-Македонија

0
441

Германија, Австрија и европските службеници во Брисел работат на план за целосна затворање на грчко-македонската граница за бегалците. Ова го соопшти весникот “Билд”, повикувајќи се на свои извори во Берлин и Брисел.

Изданието потсетува дека германската канцеларка Ангела Меркел и австрискиот колега Вернер Фајман се подложни на силен притисок од јавноста поради големиот прилив мигранти во нивните земји. Во публикацијата се изјаснува претпоставката дека самата Меркел со радост би ја затворила границата на Германија, но тогаш примерот нејзин ќе биде проследен со други земји во ЕУ, што во суштина ќе значи крај на Шенген систем. Во Грција бегалците доааѓаат  од Турција, а Анкара засега не презема видливи активности за да се намали бегалски поток, забележува “Билд”.