ЕУ со санкции за нападите со хемиско оружје во Сирија

0
330

Министрите за надворешни работи на ЕУ донесоа одлука да спроведат санкции врз 16 Сиријци за нивната улога во нападите со хемиско оружје против цивили. Осум од нив се високи воени претставници, а останатите се научници кои биле вклучени во производството на хемиското оружје.

Санкциите кои вклучуваат замрзнување на имот и забрана за патување во земјите членки на ЕУ сега се однесуваат на 255 лица кои според Унијата, се одговорни за насилна репресија врз цивили во Сирија, кои имаат корист или го поддржуваат режимот или пак се поврзани со такви луѓе.

Без коментари