EУ воведува нови санкции за Северна Кореја

0
440

Европската Унија денеска воведе нови казнени мерки против Северна Кореја, поради неодамнешните нуклеарни и балистички проби кои ги изведе земјата.

ЕУ соопшти дека стави на список санкционирани, 16 поединци и 12 компании од Северна Кореја. На тој список има 60 поединци и групи против кои се воведени забрани за патување и им е замрзнат имотот, пренесува АФП.