ВИДЕО: Еурофарм подготвен за европското деби за литванскиот Гранитас

0
341

Утревечер во спортската сала „Младост“, екипата на Еурофарм Работник ќе дебитира на меѓународната сцена во дуел против Гранитас од Каунас (Литванија). Пред првиот натпревар за медиумите зборуваа тренерот Илија Темелковски и Гоце Ојлевски.

Илија Темелковски:

Имавме неколку наближани домашни натпревари од Суперлигата, па не го анализиравме противникот детално. Во последните неколку дена имавме можност да гледаме натпревари и можам да ви кажам дека играат брз ракомет и мора да подготвиме соодветна тактика за да ги сопреме. Чест ми е што ќе ја водам екипата на овој прв меѓународен натпревар за клуб како Еурофарм Работник и се надевам дека во овој двомеч ќе излеземе како победници и ќе презимиме во Челинџ Купот.

Гоце Ојлески:

Мора да бидеме мудри и да размислуваме дека ова е двомеч и одлуката околу патникот во следното коло ќе падне во Литванија. Имаме прв впечаток со каков ривал ќе се соочиме, а утре ќе се запознаеме и на првиот натпреваер. Сакам да ги повикам навивачите да ни дадат поддршка, бидејќи со нивна помош можеме полесно во следното коло на Челинџ Купот

Натпреварот се игра утревечер со почеток од 19.00 часот.

Без коментари