Еурофарм Работник ги собра симпатиите, бодовите за Вардар

0
809

Ракометарите на Еурофарм Работник одиграа одличен натпревар и демонстрираа силен отпор во заостанатиот натпревар од второто коло на плеј-офот против шампионот Вардар. Избраниците на Андон Бошковски загубија од „црвено-црните“ со 19-24 (12-14), но ги освоија симпатиите на преку 2.000 љубители на ракометот во реновираната спортска сала „Младост“.

„Сино-белите“ одлично го почнаа натпреварот и преку Мајнов и Крстевски неколку пати ремизираа во првите десет минути. Момците на Раул Гонзалез изгледаа како да играа многу повеќе инвидуално, отколку колективно и таа класа на ѕвездите на Вардар брзо им донесе предност.

Но, следеа контри на Мојсоски и Мајнов и 8-8 во 18. минута. Во интервал од три минути во финишот на првиот дел Деревен, Карачиќ и Душебаев погодија во низа за 12-14 на крајот од првиот дел.

Вториот дел започна многу лоши за Еурофарм Работник и по серијана три исклучувања, Вардар направи серија од 2-7 и дојде до 14-21 на половина од играта во второто полувреме. Голема беше желбата, но битолчани немаа сили за нешто повеќе и го загубија натпреварот со 19-24.

Аплаузите кај домашната екипа ги собра Чаневски со серија на добри одбрани, вкупно 14 на крајот. Хрватот Чупиќ со 7 гола кај победничката екипа и Лазе Мајнов со 6 кај поразениот тим беа најефикасни поединци на средбата. Во следното четврто коло од плеј-офот Еурофарм Работник како домаќин го пречекува Пелистер.

ФОТО: www.gol.mk