Еурофарм Работник тесно поразен од Металург

0
618

Еурофарм Работник одлично го почна натпреварот, играше гол за гол со силниот Металург, а Арсиќ одбрани дури четири седмерци во првиот дел. Ако половина полувреме се играше израмнето и резултатот во 15. минута гласеше 5-5, подоцна Металург се одлепи.

Кузмановски погодуваше и додаваше, а Филип Чурлевски единствен го следеше ритамот. До голот на Стефан Дрогришки со звукот на сирената, Металург на одмор замина со 7-11.

Вториот дел подобро го почнаа битолчани. Тренерот Бошковски „ги фрли в оган“ најмладите, а тие му возвратија со добра игра и со голови. Погоди Петровски, веднаш штом влезе и Бобан Каковски и во 40. минута Еурофарм Работник намали на 13-15. Тогаш во игра влегоа Илиќ и Обрадовиќ, од чекор погоди и Кузмановски и во 47. минута гостите поведоа со 15-18, па домашниот стручен штаб повика минута одмор.

Кај Битолската публика на одобрување наиде планот на Бошковски да им даде солидна минутажа и на најмладите кога се „кршеше“ резултатот. Обрадовиќ и Пешевски погодија од транзиција за 18-21 во 54. минута и одлука околу победникот. До крајот рутински ракометарите на Металург го спроведоа водството до победа од 22-24. Во екипата на Еурофарм Работник се истакнаа одличниот голман Арсиќ, Петровски со 5 и Адли и Чурлевски со по 4 гола. Кај Металург најефикасни беа Кузмановски со 7 и Дрогрипки со 4 гола.