Еуромилк го втурна Пелистер во зимска криза и далеку од врвот

0
801

Пелистер – Еуромилк 1:2 (0:1)

Стадион во Новаци. Гледачи: 300

Главен судија: Марјан Гоцевски

Асистенти: Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски (сите од Струмица)

Делегат: Зоран Поп-Панев (Штип)

Стрелци: Љанчевски во 80 минута за Пелистер, Ристовски во 27 и Јашароски во 63 минута

Жолти картони: Недановски (Пелистер), Аломеровиќ, Љамалари, Ристов (Еуромилк)

Црвени картони: нема

 

Пелистер:

Атанасовски, Тодоровски, Мустафов (од 46м. Стојковски), Мирчевски (од 70м. Додевски), Степановски, Лампевски, Недановски, Љамчевски, Петковски, Трифуновски

Еуромилк:

Мустафа, Ристов, Љамалари, Иловски (од 86м. Садики), Јашаровски, Ристовски, Тунески (од 63м. Цветановски), С. Христов, Х. Христов, Аломеровиќ, Ристевски (од 80м. Алији)

По две последователни победи, фудбалерите на Пелистер поврзаа два последователни порази и го расипаа впечатокот кој го имаа цели три месеци, во кои немаа пораз во Втората лига. На тешкиот терен во Новаци, скопски Еуромилк, кој има и две прволигашки победи на теренот на Пелистер, славеше со 0:2 со многу мудра игра, во која ги искористи сите слабости на екипата од Битола. Во 27 минута Милан Ристовски од одпадок ги доведе гостите од Лисиче во водство, по лош почеток на двете екипи и игра без шанси. Реакцијата на пелистерци во игра со два класични напаѓачи, Трифуновски и Главевски, беше збркана и главно опасна по прекини. Но наместо израмнувачки, стигна гол за зголемување на водството на Еуромилк. Ален Јашаровски од втор план се придодаде и погоди за 0:2. Ниту влегувањата на Стојковски и Додевски не донесоа измена во интензитетот на битолчани. Дури во 80 минута со голот на Петар Љамчевски, екипата на Зоран Штерјовски намали на 1:2. Се обиде и со целосна офанзива во финишот, но Еуромилк лесно го приведе мечот кон крај. По поразот во Ѓорче Петров од Љубанци, нов пораз на Пелистер, кој ги оддалечува од борбата за промоција во Првата лига. Пред тримесечната зимска пауза, многу грижи за Штерјовски и управата на клубот, во обид да се остварат зацртаната цел.