Евакуација на Идомени

0
561

Грција започна со евакуација на мигрантите од кампот Идомени, додека приливот на бегалците на грчките острови во Егејското море е забавен, соопшти грчките власти.

Со осум автобуси вчера се пренесени околу 400 бегалци од импровизираниот камп во Идомени до блискиот бегалски камп, соопшто локалната полиција. Уште десет автобуси чекаат во нив да бидат сместени мигранти кои не сакаат да поминат од другата страна на затворената граница.

Во првите автобуси најмногу има родители со деца кои не можеле вече да ги поднесат тешките услови.

Според моменталните податоци, во Идомени се наоѓаат околу 11.603 бегалци.

Без коментари

LEAVE A REPLY