Евакуираат десетици училишта во САД поради лажни бомбашки закани

0
396

Десетици училишта во САД биле евакуирани поради добиени по телефон бомбашки закани, соопшти ТВ каналот Ен-Би-Си, повикувајќи се на информации на полицијата.

Наводно, закани имало во училишта во 21 држави.

Во некои држави закани имало против десетици институции. Се нагласува дека во ниту еден случај немало отворенa експлозивна направа.

Повеќето од овие закани се слични по тоа што биле пуштени на снимање.

Во моментов не може да се направат заклучоци – некои од експертите сметаат дека тоа е координирана акција, но други не се согласуваат со таква теорија.