Евакуирана железничката станица во Монс подари закана за бомба

0
288

Евакуирана е железничката станица во градот Монс, на 60-тина километри од Брисел. Евакуацијата е поради закана од бомба, пишуваат белгиските медиуми.

„Зградата на станицата е евакуирана. На местото пристигнале деминери. Движењето на возовите е запрено и засега не се знае кога ќе биде обновен сообраќајот“, објави весникот „Соар“.

Во Монс се наоѓа седиштето на НАТО.