Евакуирани 3.500 луѓе од московскиот „Бољшој театар“ поради закана од бомба

0
228

Околу 3.500 лица се евакуирани од зградата на „Бољшој театар“ во центарот на Москва поради закана за бомба, пренесува ТАСС , повикувајќи се на информации од службата за вонредни ситуации.

„Во зградата лоцирана на театарскиот плоштад број 1 се врши евакуација поради закана од бомба”, напиша агенцијата, по што и генералниот директор на театарот ја потврди информацијата.

Со почеток во 19 часот, во театарската сала – Бетовен, требаше да се одржи концерт насловен како “Срп и чекан”, посветен на 100-годишнината од Октомвриската револуција.

Во исто време, дојава за бомба добиле и во хотелот „Метропол“ во Москва, а во моментов испратен е тим на итните служби. Засега, нема информации за евакуација на хотелот.

makfax.com.mk