Евакуирани 500 патници заради пожар на луксузен крузер

0
352

Повеќе од 500 патници се евакуирани на брегот на Порторико откако во среда избувна пожар на бродот Caribbean Fantasy, објави американската крајбрежна стража.

Бродот Fantasy, сопственост на компанијата American Cruise Ferries, беше на 3,7 километри до Сан Хуан, главниот град на Порторико, кога избувна пожар во машинскиот оддел и се прошири на другите делови.

Нема информации дали во пожарот некој е повреден.

Бродот долг 187 метри, со капацитет од 60 возила и 1050 патници, исплови во вторник навечер од Санто Доминго во Домениканската Република и во среда утрото требаше да вплови во Сан Хуан.