Евакуирани патниците од авионот кој требало да лета за Анталија

0
954

Германската полиција попладнево ги евакуирала патниците од авионот кој требало да полета од аеродромот во Касел за турскиот град Анталија.

По пријава од анонимен дојавувач аеродромските власти во Касел одлучиле сите патници во авионот за Анталија да бидат евакуирани по што била испразнета и целата аеродромска зграда, а воздушниот сообраќај е целосно во прекин.

Според дојавата, на летот имало багаж кој претставувал опасност за патниците и екипажот. Претставници на аеродромот за агенцијата ДПА изјавиле дека се уште не се знае кога ќе продолжи воздушниот сообраќај од Касел.