Евакуирано истанбулското метро- го виделе напаѓачот од Реина

Евакуирано истанбулското метро- го виделе напаѓачот од Реина

0 790

Патниците беа евакуирани од станицата на метрото во Истанбул поради добиен сигнал дека таму бил забележан осомничениот за извршување на нападот во ноќниот клуб Реина, пренесе ТАСС.

Полицијата ја провери станицата.

Ноќта на 1 јануари вооружен напаѓач пукаше во Реина при што беа убиени 39 лица, вклучувајќи и 16 странци, а околу 70 лица беа повредени.

Меѓу жртвите имало државјани на Саудиска Арабија, Мароко, Јордан, Либан, Либија, Израел, како и една руска државјанка. Одговорноста за нападот ја презеде „Исламска држава”.

На 7 јануари весникот „Дејли Сабах” соопшти дека турската полиција го утврдила идентитетот на осомничениот. Според изданието напаѓачот е Аxе Машрапов, исто така е познат како Абу Мухамед Хорас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.