Eвакурани 100.000 жители на Москва

0
250

Над 100.000 луѓе се евакуирани  од повеќе локации во Москва, поради 130 лажни повици за бомба. Евакуирани се шопинг центри, училишта, железнички станици и деловни згради. Повиците за бомба продолжиле и вечерва, по што е евакуирана спортската арена „Лужники“, Градското собрание и аналитичкиот центар на Владата.

Голем број повици за лажни бомби имаше и пред дваесетина дена, кога исто така беа евакуирани над 100.000 луѓе од десетици локации.

Како што соопшти државната новинска агенција „Тас“, цел на бомбашките напади, биле сите четири аеродроми во Москва, 15 трговски центри, неколку хотели, повеќе од 20 училишта и многу други места. На ниту едно од местата не биле најдени експлозивни направи.

Без коментари