Еве каде паднал ербас А-321!

0
1167

Руски патнички авион со 224 патници и членови на екипажот, кој утрово полетал од летувалиштето Шарм ел Шеик за Санкт Петербург, се урнал во централен Синај, а остатоци од леталото се пронајдени во областа на јужен Ариш на Синај, јавуваат светски медиуми. Во авионот биле руски туристи, а меѓу нив и 17 деца јавува РИА Новости.

Според првите информации, авионот летал на висина од околу 9000 метри, кога почнал нагло да паѓа.

Шефот на управата за воздухопловни несреќи во Египет Ајман ал Мукадам претходно соопшти дека авионот исчезнал, но дека сигурно го напуштил египетскиот воздушен простор и имал контакт со турска контрола на летање.

„На руската авиокомапнија и рековме дека го изгубивме контактот со авионот, но дека сигурно контактирал со турската контрола на лет и дека сега минува низ воздушен простор на Турција“, рекол Мукадам.