Еве што се поскапе во Грција и за колку?

0
1497

За Грците денес денот осамна со нов бран поскапувања што беа побарани од кредиторите во замена за исплата на дополнителни средства за Атина од меѓународниот пакет помош, а најмногу поскапеа кафето и пивото.

Од денес данокот на додадена вредност (ДДВ) е зголемен од 23 на 24 отсто. Исто така зголемен е и данокот на интернет услуги, фиксна телефонија и на плаќањето на ТВ претплата.

Лебот чини од 70 центи до 1, 20 евра, летар млеко од 1 до 2, 5 евра, пакувањето со 6 јајца е околу 1, 20 евра, литар маслиново масло може да се најде и за 5 евра, јогуртот е од 2 до 4 евра, фета сирењето од 5 до 7 евра, а доматот до 1, 5 евра. Лубеницата е 80 центи за килограм, а лимонот околу 1 евро.

Гирото може да се купи за 2 евра, а толку чини и пивото. Парчето пица е 1, 5 евра, а бензините чинат 1, 34 евра.

Најновото зголемување на данокот наиде на остри критики од страна на сопствениците на малите компании, поради тоа што според нивните зборови ќе зададе удар на потрошувачката во земјата која сеуште се опоравува од шестгодишната финансиска криза, која доведе до пад на Бруто домашниот Производ за една четвртина и скок на стапката на невработеност за 24 отсто.