Евра и пиштоли украдени од куќа во Ресен

0
228

На 14.09.2015 година во Ресен на ул. „Кочо Рацин“ непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќа во сопственост на Г.А.(69) од каде одзел пиштол марка „Берета“ калибар 6,35 мм и пиштол „Модел 27“ калибар 7,65 мм, кои оштетениот ги поседувал со дозвола, потоа 2000 евра и 30 000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.